Јадранка Иванова: Управувањето со отпадот ќе биде наш најголем предизвик во преговорите со ЕУ

Ministry Environment Physical Planning
Публикација од Министерството за животна средина за употреба на алтернативно гориво
28/01/2020
Најголемото количество на собран комунален отпад (99.7 %) се исфрла на депонија.
23/04/2020

[…]

Управувањето со отпадот, иако чини значително помалку, околу 200-300 милиони евра, е многу покомплексна област за спроведување зашто граѓаните се многу сензитивни на оваа тема. Синдромот „само не во мојот двор“ ја зафати земјава од првиот момент кога се изработија студии за изградба на регионални депонии за комуналниот отпад. Иако овие депонии повеќе се центри за постапување со отпад, при што помалку од 20 % од отпадот ќе се депонира, јавноста се уште протестира да се изгради депонија во нивна близина. Јавноста не е доволно запознаена со потребата и предноста на постоење на еден интегриран систем за управување со отпадот во кој постои современа депонија и систем на трансфер станици што ќе работат со примена на најсовремени достапни технологии. Сведоци сме на тоа дека населението, а и некои граѓански организации, ги охрабруваа и ги славеа како правилни донесените одлуките за референдум на населението за забрана за изградба на депонии во нивна близина. Се чини како ова право на референдум да го немаат другите населени места во Република Северна Македонија. Никој не размислуваше што ако сите изгласаме ваков референдум. Што ќе правиме со отпадот кој го создаваме, каде ќе го фрлиме, дали може да го извеземе, дали некој ќе ни го одобри тоа сега кога изгласавме дека не сакаме увоз на отпад?. Воедно, примената на циркуларната економија, што е приоритет во Европа, тешко може да ја спроведеме без да имаме слободно движење на отпадот кој може да претставува суровина за некој друг. Сметам дека забраната за увоз на отпад, без разлика на што се однесува, е донесена повеќе од потреба да му се додвори на мислењето на јавноста, без притоа да се согледаат сите аспекти и принципи на ЕУ, ниту пак, е соодветна со нашиот ЕУ интегративен процес. Поради ова сметам дека управувањето со отпадот ќе биде нашиот најголем предизвик во процесот на преговарање со ЕУ. Државните органи треба да посветат особено внимание на информирање на јавноста, обучување на локалната администрација и вклучување на сите чинители во донесувањето на одлуките, кои единствено можат да бидат правилни ако се во духот на хиерархијата во управувањето со отпадот и се во согласност со принципите на циркуларната економија. Секогаш кажувам дека ние не сме доволно богати да го фрламе отпадот неповратно, туку мораме да го искористиме секој негов потенцијал за да ги заштитиме нашите природни ресурси.

[…]

Со ЕУ го преговараме само времето до кога ќе обезбедиме целосно спроведување на законодавството. Тоа мора да биде спроведено во моментот на влезот во ЕУ, освен за оние членови од директивите за кои ќе имаме одобрени транзициски периоди. Искуството од претходните проширувања покажува дека секторот животна средина и климатски промени станува приоритет во агендите на националните влади со отворањето на преговорите со ЕУ. Затоа, сметам дека со одлуката за започнување преговори со ЕУ најголемите придобивки ќе ги има Поглавјето 27. Сепак, мораме да бидеме внимателни и одговорни. Доколку навремено не се посвети внимание на ова поглавје, тоа може да биде пречка за членството во ЕУ, затоа што, во ЕУ влегувате со исполнети барања за сите поглавја и не можете да станете членка само со неколку поглавја. Вистинското време за Поглавјето 27 доаѓа со отворањето на преговорите и многу се радувам што овој процес започна.

Тирана, март 2020

ЛИНК