Публикација од Министерството за животна средина за употреба на алтернативно гориво

Јадранка Иванова: Управувањето со отпадот ќе биде наш најголем предизвик во преговорите со ЕУ
06/04/2020
Ministry Environment Physical Planning

Користењето алтернативни извори на енергија има клучна улога во намалувањето на емисиите на CO2 кој во големи количини се испушта во атмосферата при користење конвенционални горива, односно фосилни горива

Светските пракси во цементната индустрија укажуваат на користење алтернативни извори на енергија. Нивната употреба претставува и една од препораките за најдобри достапни техники во цементната индустрија, исто така е и во склоп на концептот на циркуларната економија. Земајќи го предвид целиот животен циклус на производот, кружната економија нуди алтернативен модел што промовира повторна употреба и рециклирање, реупотреба на ретки суровини и трансформирање на отпадот во ресурс.

Цементната индустрија обезбедува солидни решенија и одржливи практики во овој поглед.

  • Придобивки од користењето на алтернативните горива:
  • Предности за животната средина:
  • Намалување на употребата на необновливи (фосилни) горива и суровини.
  • Намалување на стакленичките гасови.
  • Обновување на енергијата наместо отстранување (хиерархија на отпадот).
  • Придобивки за општеството:
  • Промовирање политика за управување со цврст отпад во општествата – избегнување депонирање или спалување земјишта и придружни емисии (воздух, земја, вода).
  • Отворање нови можности за вработување / фокусирање на локално-регионално ниво.
  • За употреба на алтернативни горива, ТИТАН Цементарница Усје АД Скопje поседува Измена на А-Интегрираната еколошка дозвола за усогласување со оперативен план (арх.бр.11-1227/3 од 22.05.2013). Алтернативните горива што се користат се горива од цврст отпад (RDF), биомаса од земјоделски отпад (оризова лушпа) и друго, а одреден отпад од текстилната индустрија се планира да биде воведен во блиска иднина. Пред почетокот на користење алтернативни горива, УСЈЕ подготви детална студија за оцена на влијанието врз животната средина (подетални информации по однос дозволата за употреба на алтернативни горива на линкот: http://www.moepp.gov.mk/?page_id=16249).

Државниот инспекторат за животна средина во ТИТАН Цементарница Усје АД Скопје врши редовен надзор. Секој квартал од годината се вршат редовни инспекциски надзори, но исто така често се вршат и вонредни инспекциски надзори.

Во последниот вонреден инспекциски надзор, извршен на 12.12.2019 година, констатирано е дека работеше само едната ротирна печка за производство на клинкер. При надзорот беше извршен и увид во континуираниот 24 часовен мониторинг на емисии на гасови од оџакот на печките за параметрите: NOx, SOx,CO, CO2 и прашина. Измерените вредности на наведените параметри, согласно континуираниот мониторингот се во рамките на ГВЕ пропишани во дозволата.

Source: Ministry Environment Physical Planning