Жалам што се донесе одлука за забрана на увоз на отпад, кој може без последици за животната средина и здравјето на луѓето, да се искористи како алтернативно гориво или енергијаЖалам што се донесе одлука за забрана на увоз на отпад, кој може без последици за животната средина и здравјето на луѓето, да се искористи како алтернативно гориво или енергија

Најголемото количество на собран комунален отпад (99.7 %) се исфрла на депонија.
23/04/2020
СИСТЕМ ЗА БАЛИРАЊЕ – РЕШЕНИЕ ЗА ОТПАД
11/06/2020

Какво е вашето мислење за алтернативното гориво или енергија од отпад? Дали верувате дека ова би можело да се искористи и кај нас?

Иванова: Како држава, согласно нашето и ЕУ законодавството, треба да обезбедиме услови кои ќе овозможат отпадот максимално да се искористи. Жалам што се донесе одлука за забрана на увоз на отпад, кој може без последици за животната средина и здравјето на луѓето, да се искористи како алтернативно гориво или енергија. Циркуларната економија, која сега е тренд и обврска во ЕУ, бара да постои непречено движење на отпадот заради негова преработка и искористување коешто придонесува во заштитата на природните ресурси. Ние имаме добра регулатива како отпадот може да се преработува и искористува и истата треба да се почитува. Претпоставувам дека граѓаните стравуваат дека немаме доволно добра администрација која може да го следи и контролира искористувањето на отпадот односно неговиот третман. Но, сметам дека тоа не треба да е основа за донесување на некоја одлука. Ако граѓаните имаат недоверба кон администрацијата во однос на спроведувањето на законите, тогаш тоа треба да биде знак за Владата, а и за МЖСПП, под итно да преземат мерки за зајакнување на капацитетите на администрацијата во оваа област, не само во нејзино зголемување како бројка туку, многу повеќе, во зголемување на експертското знаење и способност. Јас лично, во 2000 година во Осака, Јапонија, бев сведок на инсталација за согорување на комунален отпад лоцирана во урбана населба, 100 метри оддалечена од првите станбени згради. Единствената забелешка на жителите беше бучавата од камионите кои вршеа дотур на отпад и побарале истиот да започне не порано од 6,30 часот наутро и да се врши до 11 часот навечер. Од оваа инсталација, се обезбедуваше топлинска енергија за целата населба и пошироко, а нејзините жители, заради близината имаа многу повисока температура на водата, што за нив резултираше со пониски сметки.

Сметам дека треба да ја искористиме и најмалата можност за искористување на отпадот, да го вклучиме приватниот сектор секаде каде е можно, при што паралелно мораме да ги градиме капацитетите на администрацијата која треба да го контролира целиот процес. Впрочем, ние не сме доволно богати за само да го фрламе ѓубрето.

избор: Фактор