Најголемото количество на собран комунален отпад (99.7 %) се исфрла на депонија.

Јадранка Иванова: Управувањето со отпадот ќе биде наш најголем предизвик во преговорите со ЕУ
06/04/2020
Жалам што се донесе одлука за забрана на увоз на отпад, кој може без последици за животната средина и здравјето на луѓето, да се искористи како алтернативно гориво или енергијаЖалам што се донесе одлука за забрана на увоз на отпад, кој може без последици за животната средина и здравјето на луѓето, да се искористи како алтернативно гориво или енергија
09/06/2020

СООПШТЕНИЕ – NEWS RELEASE
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2019 година изнесува 632 484 тони. Споредено со 2018 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2019 година бележи зголемување од 1.1 %. Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 164 971 тон или 26.1 % од вкупното собрано количество во Република Северна Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 522 983 тони или 83 % се собрани од домаќинствата, а останатите 17 % од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 542 664 тони или 85.8 %, а најмало количество отпадот од гума – 778 тони или 0.1 % од вкупното количество собран комунален отпад. Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Северна Македонија во 2019 година изнесува 915.943 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2019 година изнесува 456 кг по жител, што е за 10.7 % повеќе од истото количество во 2018 година. Најголемото количество на собран комунален отпад (99.7 %) се исфрла на депонија.

LINK ORIGINAL